Жбогар: Европската интеграција е најуспешниот мировен проект во историјата

Од:

Европската интеграција е најуспешниот мировен проект во историјата, за што ЕУ доби Нобелова награда за мир. Европската приказна е за демократија, солидарност и слободи, како и за еднаквост, просперитет и одржливост, за вредности кои треба да ги негуваме и да се бориме, изјави денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Жбогар тоа го изјави на отворањето на тематската прослава „60 години од потпишувањето на Римските Договори – Новите проблеми и предизвици за ЕУ“ во рамки на одбележувањето на Денот на Европа, во организација на Центарот за податоци и информации на ЕУ и Делегацијата на ЕУ во Република Македонија.

– Младите луѓе и студентите се најдобра публика кога зборуваме за предизвиците и изборите пред ЕУ. Во време на предизвици потребно е ваш придонес за носење на исправни одлуки за ЕУ, да остане наш заеднички избор за иднината. Сакам да ги поттикнам младите луѓе и идни жители на ЕУ да одат понатаму од желбата за членство во ЕУ и да размислуваат за предизвиците со кои ЕУ се соочува и промените и изборите кои треба да ги направи. ЕУ членството не е крајна цел, туку алатка за подобра иднина, изјави Жбогар.

Посочи дека нема дилема меѓу стабилноста и демократијата, бидејќи само земјите со функционална и вибрантна демократија се и најстабилните.

Во рамки на прославата на Економскиот факултет при УКИМ беше отворена изложба „Ever closer Union“ на италијанската амбасада во Македонија и прогласени победниците на Конкурсот за најдобар есеј на тема „60 години од потпишувањето на Римските Договори“.

Раководителот на Центарот за податоци и информации на ЕУ Даниела Мамучевска, рече дека во текот на своето постоење ЕУи активно ги промовира европските идеи и вредности меѓу студентите и делува во насока на продлабочување на знаењето за функционирањето на европските институции и креирањето на политиките на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Горан Наумовски

Трамп бара од ЕУ да ги зголеми царините за Индија и Кина на 100 отсто

Калас: Путин нема да застане освен ако не биде принуден

Орбан: Европа мора да оди во Москва за безбедносен договор со Русија

Борел, Верхофштат и Руиз Девеса: Европа станува вазал на Америка

На 16 септември и 2 октомври Албанија ќе ги отвори двете последни преговарачки поглавја со ЕУ

А1он