Жалба за пресудата за смртта на 3-годишно девојче

Од:

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе жалба на пресудата на Основниот суд Скопје 1 за сторено кривично дело – убиство со умисла на малолетно лице, за случајот со тригодишното девојче кое минатата година беше усмртено од Џемаил Браими и неговата невенчана сопруга Јасмина Махмуд додека им било доверено на чување од неговата мајка.

Обвинитетите во март минатата година брутално, на смрт го претепале девојчето за кое тврдеа дека паднало по скали. Но, како што наведува Обвинителството, доказите во истражната постапка и извештајот од обдукцијата потврдиле дека станува збор за убиство во кое двајцата обвинети се соизвршители, односно учествувале заедно во делото и се обиделе да го прикријат.

Основниот суд Скопје 1 – Скопје во март годинава донесе пресуда со која на Браими и Махмуд им беше изречена казна затвор во траење од по 20 години за сторено кривично дело – убиство со умисла на малолетно лице, со соизвршителство. Во исто време, до правосилноста на пресудата, по предлог на Основното јавно обвинителство – Скопје беа продолжени мерката притвор на Џемаил Браими и мерките за претпазливост за обвинетата Јасмина Махмуд.

– Обвинителството незадоволно од пресудата поднесе жалба сметајќи дека изречената казна е недоволна за вакво кривично дело дотолку повеќе што во случајот доминираат отежнителните околности, бидејќи се посегнува по живот на тригодишно девојче, како и отсуството на покајување на обвинетите во текот на процесот. Кривично-правниот настан согледан во целина со сите околности кон него, според надлежниот јавен обвинител, заслужуваат преиспитување од страна на повисок суд, соопшти Службата за односи со јавноста на Јавното обвинителство на РМ.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол