А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Зголемувањето на социјалната помош значајно за ранливите категории, сметаат експертите и граѓанскиот сектор

by А1он29/09/2015 - 14:3797
Share0

Покачувањата на социјалната и постојаната парична помош за граѓаните од социјално ранливите категории, заедно со субвенциите за плаќање електрична енергија, за семејства кои имаат деца вклучени во средно образование, обуките и курсевите за зголемување на способностите се голема помош за подобрување на нивниот стандард и покривањето на основните потреби, сметаат експерти и претставници на невладиниот сектор.

Добивај вести на вибер

– Сигурно дека покачувањето на постојаната парична помош и социјалната парична помош ќе биде од корист на самите корисници затоа што можат да покријат дел од основните потреби во текот на месецот за своето семејство, изјави Сунчица Димитријевска, професор од Институтот за социјална работа и социјална политика.

Таа вели дека сите се свесни оти и сега сите потреби на овие категории граѓани не се задоволени, но, како што рече, самите корисници забележуваат дека некој ги согледува нивните потреби и се обидува да ги задоволи во обемот во којшто се може.

– Значи, корисниците ќе бидат задоволни од овој пристап, но мора да се работи на изнаоѓање нови форми на заштита, особено ако се работи за корисници кои се работоспособни, рече таа, додавајќи дека во тој случај треба да се работи на можностите тие да најдат работа бидејќи платата која би ја добиле секако би била поголема од помошта која ја добиваат.

И претседателката на Здружението на социјални работници Благородна Иванова смета дека секое покачување поволно се одразува во заштита на стандардот на социјално загрозеното население без разлика дали се работи за работоспособно или работонеспособно население.

– Кога тие ќе се најдат во ситуација да се материјално необезбедени сите средства кои можат да ги остварат се добредојдени, рече таа.

Смета дека зголемувањето на помошта за социјално ранливите категории во изминатите неколку години за над 60 проценти заедно со другите мерки на Владата што ги овозможила е значителна помош за овие граѓани. Зголемувањето на помошта, субвенциите за плаќање електрична енергија, субвенции за семејства кои имаат деца вклучени во средно образование, можноста за обуки, прекфалификации и доквалификации се добар начин да им се помогне на овие граѓани.

За околу 30 илјади семејства во Македонија денеска им е исплатена социјална помош зголемена за 10 проценти.

Годинава социјалната парична помош беше зголемена за 10 проценти, иако планирано беше покачување од 5 проценти.

За реализација на ова зголемување за 10 проценти на ниво на една година ќе бидат обезбедени дополнителни 105 милиони денари односно 1,7 милиони евра.

Социјалната парична помош изминатите неколку години е зголемена за 61,8 проценти.

mkd

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Катерина Ѓуровски08/02/2021 - 13:30

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:37

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:18

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

Катерина Ѓуровски22/01/2021 - 13:04

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски02/01/2021 - 14:1102/01/2021 - 14:13

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза

Катерина Ѓуровски31/12/2020 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен