Зголемено нивото на водата во повеќе реки во земјава

Од:

Зголемено ниво на реките во однос на просекот за декември се бележи денеска на Пчиња кај Катлановска бања, на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Црн Дрим кај Ложани, како и на Сатеска кај Ботун, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Сепак, не сите водотеци бележат раст. Нивото на Брегалница кај Берово и Штип, Пчиња кај Пелинце и Црна Река кај Новаци се под просечните декемвриски вредности.

Водостоите на Охридското и Преспанското и на Дојранското Езеро според денешните мерења се во рамки на просекот.

Би можело да ве интересира

Обилните врнежи го зголемија нивото на Вардар кај Јегуновце, во Скопје и во Велес

Нивото на поголем дел од реките под мајскиот просек

Повеќето реки под априлскиот просек

Излевање на помалите реки во тетовско, Вардар и Пена на критично ниво

Се излеваат Вардар, Крива Река и Пчиња, се очекува натамошно зголемување на водостоите

Катерина Ѓуровски

Драстично зголемени нивоата на реките