Зголемена работата на македонските градежници во странство

Од:

Во првите три месеци од годинава градежните компании договориле работа во странство во вкупна вредност од 4.835.382.000 денари, објави денеска Државниот завод за статистика

Во периодот јануари-март годинава македонската градежна оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 192.839.000 денари, што е за 248,7 проценти повеќе во споредба со овој период од минатата година.

Во анализираниот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Италија и Германија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Индија, Швајцарија, Бугарија и Словенија.

Би можело да ве интересира

Неготинец остана без 77.500 денари, бил жртва на вешт измамник

Мемети: Зголемен бројот на поплаки за вознемирување на работното место

Лани 33 работници загинале на работното место, најголем дел во земјоделството и во градежништвото

Татјана Ташкова

Светски ден на безбедноста и здравјето при работа

Татјана Ташкова

Потпишана новата четиригодишна Национална програма за достоинствена работа

Ана Ололовска

Дебата: „Можности и предизвици за овозможување на политики за здрави работни места‘‘

Ана Ололовска