Зголемена потрошувачката на вода во Делчево

Од:

Двојно зголемена потрошувачката на вода во Делчево, а како резултат на високите температури и нерационалното користење на водата од граѓаните во повисоките делови од градот се јавува недостиг на вода во системот.

Моментално се троши околу 120 литри вода во секунда, додека до пред еден месец потрошувачката била околу 60 литри вода во секунда. Директорката на ЈПКД „Брегалница“ Марија Сумрачка, апелира за рационално корситење на водата.

– Ние апелираме до граѓаните максимално да се штеди водата и да се користи исклучиво за домашни потреби, односно за пиење или хигиена и задоволување на потребите во домаќинствата. Се замолуваат граѓаните водата да не ја користат за полевање градини, дворови, посебно во периодот кога е зголемена потрошувачката на вода од 15 до 21 часот, рече Сумрачка.

Додаде дека поради намалениот капацитет на подземните водозафати на одредени повисоки делови од градот се јавува недостиг од вода.

– Намален е капацитетот на подземните водозафати и поради тоа се случува одредени делови од градот, но и околните населени места кои се на повисоките зони во градот да се јавува прекин во водоснабдувањето. ЈПКД „Брегалница“ прави максимални напори да обезбеди вода за пиење до сите корисници на водоснабдителниот систем преку пумпната станица во Ново Делчево, истакна Сумрачка.

Инаку, потрошувачката на вода заклучно со 31 мај оваа година споредбено со 31 мај претходната година се движи во исти рамки, а од наплатата на вода од приватни и од физички лица заклучно со мај оваа година ЈПКД „Брегалница“ инкасирала вкупно 5.897.612 денари.

Би можело да ве интересира

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он