Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Од:

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското Езеро, додека нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, водостојот на Преспанското Езеро е за 1,53 метри понизок од просекот за април иако за 15 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум. Пониско од просечното е и нивото на Охридското Езеро и тоа за 23 сантиметри, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,83 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој месец.

Пониски од просечните се и водостоите на речиси сите реки во земјава. Исклучок се реките Пчиња, на мерните места во Пелинце и Катлановска Бања, и Струмица кај Сушево.

Би можело да ве интересира

Намален водостојот на Преспанското Езеро

Катерина Павлова-Николовска

Преспанско Езеро седум сантиметри под апсолутниот минимум, преполовени водостоите на повеќето реки,

Намалени нивоата на Охридско и Преспанско езеро

Маж починал од срцев удар при влегување во Преспанското езеро

Ландов

Преспанското Езеро – болен пациент кој не знаете од каде да почнете да го лекувате

Владата издвои 1,3 милиони евра за Дојранското и Преспанското Езеро

Жарко Настоски