• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Зголемен прометот во индустријата

by А1он15/02/2019 - 12:56288
Share0

Прометот во индустријата во декември 2018 година во однос на декември 2017 година е зголемен за 6,1 отсто, а во периодот јануари – декември 2018 година во однос јануари – декември 2017 година бележи раст за 12,5 проценти.

Добивај вести на вибер

Според Државниот завод за статистика, вкупниот промет во индустријата во декември 2018 година во однос на декември 2017 бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,3 отсто и кај Капитални производи за 19,1 процент, додека опаѓање има кај Трајни производи за широка потрошувачка за 8,7 отсто и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,9.

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на домашниот пазар во декември 2018 година во однос на декември 2017 година е намален за 5,2 отсто. Бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,4 проценти, додека опаѓање има кај Капитални производи за 38,5 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 0,1 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,9 прценти. Прометот во индустријата на домашниот пазар во декември 2018 година, во однос на ноември 2018 година е помал за 2,3 отсто, додека во периодот јануари – декември 2018 година во однос на јануари – декември 2017 бележи раст ид 1,4 проценти.

Прометот во индустријата на странските пазари, пак, во декември лани во однос на декември 2017 е зголемен за 0,9 отсто. Има раст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,9 проценти, кај Капитални производи за 21,9 отсто и кај Трајни производи за широка потрошувачка за 5,8 отсто, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,6 отсто. Прометот во индустријата на странските пазари во декември 2018 година во однос на ноември 2018 бил помал за 1,6 отсто, а во периодот јануари – декември 2018 година во однос на јануари – декември 2017 година бележи зголемување за 115,7 проценти.

 

drzaven zavod za statistikaindustrija

Би можело да ве интересира

Црното предупредување на Макрон: Европската индустрија е во борба „за живот или смрт“

Горан Наумовски08/12/2025 - 14:29

Раст на извозот и на увозот, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Катерина Ѓуровски05/11/2025 - 09:33

Интернет користи 92,1 отсто од населението во земјава

Катерина Ѓуровски16/10/2025 - 13:14

Зголемени цените на угостителските услуги

Катерина Ѓуровски07/10/2025 - 10:54

22 проценти од населението во Македонија во 2023 година живеело во сиромаштија

Катерина Ѓуровски23/09/2025 - 11:05

Намален бројот на работници во индустријата, најмногу кадар се бара во услужните дејности

Катерина Ѓуровски02/09/2025 - 09:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен