Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи

Од:

Во првото тримесечје од годинава за 22,9 отсто е зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи во споредба со истиот период од претходната година. Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во првите два месеца, додека во третиот месец е забележано опаѓање.

Според податоците на Државниот завод за статистика, откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е зголемен за 41,6 отсто, а продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е намалена за 34 проценти.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај житата, индустриските и фуражните растенија, овошјето, добитокот, млекото и рибата, а намалување има кај зеленчукот, алкохолните пијалаци, живината и јајцата и млечните производи.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза