Зголемен број физички напади и закани во Гевгелија

Од:

Според последниот извештај на полициската станица од општа надлежност во Гевгелија, во последната недела од предизборието, сметано од 18 до 24 март годинава, на територијата на ПС Гевгелија евидентирани се пет нарушувања на јавниот ред и мир. Од тоа, еден е физички напад, уште по еден регистриран случај на карање и викање и учество во тепачка, и два случаи што се класифицирани како „останати прекршоци“.

Во однос на минатата година тоа значи зголемен степен на нарушување на јавниот ред и мир за петпати. Од јануари до март, како што се загреваше предизборната атмосфера така се зголемуваа и прекршоците од оваа област, достигнувајќи месечен биланс од 10 до 12 регистрирани случаи.

Тоа е само доказ дека предизборната недела не поминала мирно. Гевгелиската јавност веќе наголемо зборува за двата случаи на физички напад од страна на активисти на ВМРО-ДПМНЕ кон членови на опозицијата. Во првиот случај актер на настанот е Т.К., кој излегувајќи од возилото на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за Гевгелија го претепал Ѓ.М., член на СДММ од Гевгелија, а при нападот се заканувал со зборовите: „Ќе те утепам и тебе и фамилијата, сè ќе ти истепам“.

Втората пресметка се случила на денот на гласањето, кога активист на ВМРО-ДПМНЕ, без акредитација за следење на гласачкото место, се обидел да го фотографира моментот кога носителот на листата за советници на СДСМ се упатува на гласање. Забележувајќи дека го снимаат од другата страна на улицата од приватен двор, а не од гласачкото место со уредна новинарска акредитација, претставникот на СДСМ започнал вербална расправа, која подоцна прераснала во физичка пресметка, а еден од учесниците се нашол на земја.

Заканите од страна на партиски лица, кои се класифицирани како „останати прекршоци“, беа исто така дел од предизборниот фолклор. Првиот евидентиран случај полицијата го зеде на обработка по член 144 од Кривичниот законик на РМ, кој ги третира прекршоците како закана по личната слобода, имот и живот. Имено, активисти на ВМРО-ДПМНЕ, кои лепеле плакати за изборниот митинг, од непознат телефонски број упатиле закани по живот на функционерот на СДММ–Гевгелија А.Д., лично за него и за целото семејство.

Сите евидентирани случаи се земени во обработка од страна на надлежните органи при Полициската станица во Гевгелија и се очекуваат понатамошни дејства во согласност со законските одредби.

Би можело да ве интересира

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација на возила и переше милиони преку осигурителна компанија

Горан Наумовски

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он