СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.Т.(38), државјанин на Норвешка, со привремен престој во Куманово за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста при семејно насилство“.
Во март 2012 година, пријавениот по кратка вербална расправија со Б.Д.(41), физички го нападнал и со солзавец го испрскал во пределот на очите, а му го скршил и прозорското стакло од неговото возило.
На 4-ти април во куќата во која живее под кирија, започнал вербална расправија со неговата сопруга Н.С.-Т.(37) и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници и клоци по телото и лицето, а откако таа побарала помош од нејзините родители, тој со штрафцигер го нападнал нејзиниот татко М.С.(67).
При туркањето, пријавениот се здобил со убодна рана во пределот на градниот кош и коленото.