БЕСА го поддржа Законот за употреба на јазиците, иако со него не се официјализира употребата на албанскиот јазик, изјави денеска пратеникот Фадил Зендели во Собранието по донесување на Законот.
– Ние како парламетарна група порано изјавивме дека ќе го поддржиме законот и денеска гласавме, како што за законот гласавме и во прво читање, иако за него имаме забелешки. Сметаме дека со овој закон не се официјализира албанскиот јазик, туку има само едно авансирање, унапредување на употребата на албанскиот јазик во државните институции, рече Зендели.
Пратеникот најави дека пратениците од парламентарната група на БЕСА ќе дејстуваат единствено како и досега, согласно платформата, програмата и статусот на движењето.
– Сите случувања во самата партија оставаме да се решаат како внатрешни прашања на органите на движењето, додаде Зендели.