Зендели: Беса бара гаранции да не сопрат предметите на СЈО

Од:

Беса бара гаранции дека со новиот закон за обвинителство нема да се амнестираат обвинетите од СЈО. Во спротивно како што изјави пратеникот Фадил Зендели тие нема да го поддржат предлог законот.

„Барам во дебатата и во амандманската расправа да имаме целосни гаранции дека сите предмети кои се започнати и кои биле во постапка или материјали кои се користени од страна на СЈО, ќе продолжат да се обработуваат и од страна на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција“, изјави Зендели.

Комисиската расправа се очекува да почне идната недела за партиите да имаат време да ги достават амандманите на законот кој треба да ја реши иднината на СЈО. Ако власта не успее да обезбеди двотретинско мнозинство ќе иницира измени на други закони, меѓу кои законот за Совет на јавни обвинители.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on