Земјотресот што пред 62 години го погоди Скопје е потсетник дека животот може да се промени за миг, вели Мицкоски

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека земјотресот, што пред 62 години го погоди Скопје е потсетник дека животот може да се промени за миг, но и дека во најтешките моменти токму солидарноста, човечноста и заедништвото се најважни за обновата.

– Земјотресот не потсети дека животот може да се промени за миг. Но и дека во најтешките моменти, токму солидарноста, човечноста и заедништвото се темелот врз кој можеме повторно да го изградиме градот. Скопје е денес симбол на истрајноста и солидарноста!, истакна Мицкоски во објава на Фејсбук.

Премиерот потсети дека минале 62 години од земјотресот во кој Скопје го доживеа најтешкиот момент во својата историја.

– Земјотресот што го разурна градот однесе над 1.000 животи, илјадници беа повредени, а стотици илјади останаа без покрив над глава. Денес по 62 години, се сеќаваме не само на болката, туку и на светлината што ја донесоа луѓето од светот, истакна тој.

Потсети и дека над 80 држави испратиле помош, медицински тимови, храна, шатори и поддршка.

– Обединетите нации го прогласија Скопје за град на светска солидарност, а токму таа подадена рака од целиот свет помогна градот повторно да се изгради, истакна Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима