Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Од:

Земјотрес со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала утринава е почувствуван во југозападниот дел на земјава, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според податоците на опсерваторијата, земјотресот е регистриран во 5.36 часот, а неговиот епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга.

-Земјотресот е почувствуван од жителите на Охрид и Струга со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала-наведуваат од Сеизмолошката опсерваторија.

Од таму апелираат до граѓаните, доколку го почувствувале земјотресот, да придонесат во сеизмолошките истражувања со пополнување на прашалникот за почувствуваност достапен на веб страната прашалникот на Сеизмолошката опсерваторија или да се јават на бројот 112.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Црна Гора

(ВИДЕО) Разорен земјотрес ја погоди Кина, десетици повредени, има и жртви

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Кина

Горан Наумовски

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он