Земјотрес почувствуван во Штип и околината

Од:

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево регистрираше земјотрес 71 километри источно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Свети Николе – Штип.

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот се случил во 16.21 часот со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а бил почувствуван од населението во Штип и околината.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Црна Гора

(ВИДЕО) Разорен земјотрес ја погоди Кина, десетици повредени, има и жртви

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Кина

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово