Земјотрес од 3 степени по Рихтер го затресе Штип

Од:

Околу 3 часот по полноќ земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во штипското подрачје.

Земјотресот е со епицентар на 2 километри северно од Штип, на 72 километри источно од Скопје и на длабочина од 1 километар.

Според податоците од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе-Штип и е почувствуван од населението во Штип и околината.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Црна Гора

(ВИДЕО) Разорен земјотрес ја погоди Кина, десетици повредени, има и жртви

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Кина

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово