Земјоделците во Прилепско стравуваат дека ќе останат без земја

Од:

Обработливото земјоделско земјиште во Прилеп и околината моментално се наоѓа во државна сопственост. По пат на тендери земјоделците и сточарите изнајмуваат дел од парцелите по цена од 15 евра, па нагоре по хектар годишно, во зависност од квалитетот на почвата класифицирана во шест класи.

Доколку се дозволи продажба на земјоделското земјиште, предвидено со новите предлог-легислативи и измени, производителите стравуваат дека ќе останат без земја.

Земјоделците од Прилепско се жалаат дека немаат доволно финансиски средства за да го откупат земјоделското земјиште и истовремено бараат при временски непогоди, поплави и други катастрофи државата да ги ослободи од надоместок за киријата на земјоделското земјиште.

Од неколку земјоделски здруженија, меѓу кои најголем поборник е полјоделската асоцијација „Клас“, бараат од Владата и понатаму да продолжи со мерките за поттикнување на земјоделството и субвенции, но, исто така, предлагаат ослободување од одредени давачки, сè со цел македонските агростопанства и индивидуалните земјоделци да можат да застанат на здрави нозе.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он