СДСМ: Земјоделците не му веруваат на Никола Груевски, ги очекуваат промените

Од:

„Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ најмалку можат да говорат за земјоделството. Таа гранка Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја уништија целосно.

Земјоделците се понижени поради ниските откупни цени, поради тоа што немаат обезбеден пласман на производите и немаат достоинствен приход и покај работата што вредно ја работат.

Доделувањето на субвенциите власта во заминување го направи организиран систем преку кој се манипулираа и злоупотребуваа маките на вистинските земјоделци. Но тоа време заврши.

Со кое лице Никола Груевски се појавува пред земјоделците?

Наместо кај вистинските земјоделци Груевски и ВМРО-ДПМНЕ парите ги делеа до фирми блиски до фамилијата.

Тендери и милиони евра преку Министерството за земјоделство завршувале во фирмите „Трасмет“ на Сеад Кочан, во „ЗК Пелагонија“ на Орце Камчев, во „Силекс неметали“ на Иванов Ѕинго.

Земјоделците одамна не му веруваат на Никола Груевски. Сите ги очекуваат промените.

По промените, СДСМ ќе спроведе ревизија на земјоделското земјиште коешто ќе им биде доделено на вистинските земјоделци. СДСМ ќе ги зголеми субвенциите на 160 милиони евра. Субвенциите ќе се добиваат навремено и тогаш кога се најпотребни на вистинските земјоделци. СДСМ ќе обезбеди навремен и сигурен пласман на земјоделските производи со достоинствени цени“, се вели во реакцијата на СДСМ, на изјавите на Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел