Земјоделциите, пензионерите и социјалците протестираа пред седиштето на СДСМ во Прилеп

Од:

Земјоделциите, пензионерите и социјалците денеска беа собрани на протест во центарот на Прилеп пред седиштето на СДСМ. Револтирани се поради острукциите на опозицијата за донесувањето на буџетот за 2013.

Од сојузот на тутунските здруженија на Македонија, од каде велат зборуваат во името на 40.000 македонски тутунарски семејства или околу 200.000 жители, нагласуваат дека недонесувањето на буџетот е катастрофа за земјоделците, со нив и за тутунарите.

– Го повикуваме СДСМ да не го опструира донесувањето на буџетот, оти гласајќи за него, се гласа за земјоделците, пензионерите социјалците. Последиците се големи зашто земјоделците не ќе може да ја работат земјата, а со тоа и да живеат, не ќе може да ги користат тракторите земени по принципот 50/50 со помош на државата, не ќе стигнат до нив 135-те милиони евра субвенции. Доколку тутунарите не ги добијат и 60. денари на име субвенции, тутунопроизводството ќе се преполови, од 20.000 ќе се симне на 10.000 тони, изјави Милески барајќи до 20 декември буџетот да се најде пред пратениците и да се расправа.

Томе Ристески, корисник на инвалидска пензија, гласно се прашува што ќе прави ем без малата пензија, ем без субвенциите за тутунот зашто неговото семејство, како и најголемиот дел прилепски семејства, егзистира од тутунопроизводството.

– Се чувствуваме понижени од СДСМ, вели Северџан Амедоски, корисник на социјална помош.

– Тоа што моето семејство, како и голем број македонски и ромски семејства што го користи на име социјален додаток од државата не ќе може да го добие со вакви опртрукции за донесување на буџетот. Ниту ќе може досатоинствено да се живее, вели Амедоски.

На денешниот протест земјоделците во центарот на Прилеп ги донесоа тракторите кои велат ги добија со помош на државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?