Земени мостри од местото каде се испуштаат хемикалиите во реката Брегалница

Од:

Екипата на крим техника од Полициската станица-Штип и членовите на Здружението на спортски риболовци „Брегалница“- Штип попладнево земаа мостри од водата на реката Брегалница, која неколку часови е обоена во бела боја.

МИА беше на лице место кога се земаа мострите од каналот за отпадни води, кој излегува од стопанските објекти во кругот на поранешниот Текстилен комбинат „Македонка“.

Спортски риболовци од здружението „Брегалница“ мострите од водата ќе ги испратат во Скопје, за да се открие какви хемекалии попладнево се испуштени од овој канал, а водата на река Брегалница е обено од населбата Македонка.

Бараат на терен да излезат и инспекторите од Државниот инспекторат за животна средина, за да откријат кој стопански субјект ја направи оваа хаварија.

Забележуваат дека ова не е првпат реката Брегалница во штипскиот регион да ја смени бојата. Точно пред две години водата се обои во црна, сина и црвена боја. Инспекторскиот увид тогаш не откри виновници, туку беше откриен пропуст кај неколку компании во кругот на поранешна Македонка, а кои се занимаваат со боење ткаенини.

Штипјани на социјалните мрежи споделуваат видеа и слики и ги повикуваат надлежните институции, конечно да го најдат виновникот на овие хаварии. Засега не е забележан помор на рибата.

Би можело да ве интересира

Обвинение за скопјанецот кој истепа две деца на натпреварот „Брегалница“ – „Шкупи“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Притвор за таткото кој тепаше 15 годишни фудбалери на натпревар во Штип

А1он

МВР: Уапсен е еден родител кој учествувал во инцидентот во Штип

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Две деца се тешко повредени откако родители на играчи на „Шкупи“ влетаа на терен и нападнаа фудбалери на „Брегалница“

Горан Наумовски

Во реката Брегалница е пронајдено тело на маж по кого се трагаше

Зегин со свој придонес во големата еко акција „Скопска Црна Гора ја поздравува пролетта”

Ана Ололовска