Зеленски до Пендаровски: Се надевам дека Северна Македонија ќе започне со пристапните преговори кон Европската Унија во најбрз можен рок

Од:

Претседателот на Украина Володимир Зеленски упати писмо до претседателот Стево Пендаровски, заблагодарувајќи му се на поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нејзината европска интеграција, изразени во писмото упатено од страна на претседателот Стево Пендаровски во текот на месец мај 2022 година.

Во продолжение го проследуваме интегралниот текст на писмото:

Ваша Екселенцијо,

Ве молам примете ја мојата благодарност за Вашето срдечно писмо од 17 мај 2022 година и покажаната солидарност со нашата држава, која одлучно се спротивставува на руската агресија.

Ја цениме цврстата и бескомпромисна позиција изразена од Скопје за поддршка на сувереноста и територијалниот интегритет на Украина. Благодарни сме што Република Северна Македонија целосно се приклучи кон санкциите воведени од страна на Европската Унија кон Русија како земја-агресор.

Мојата срдечна благодарност кон Вам лично господине претседател и кон народот на Северна Македонија за поддршката на стратегијата за европска интеграција на Украина и доделувањето кандидатски статус на нашата земја за пристапување во Европската Унија. Таква искрена позиција на претседателот на Северна Македонија, која веќе е земја-кандидат за членство во ЕУ, е од особено значење. Се надевам дека Северна Македонија ќе започне со пристапните преговори кон Европската Унија во најбрз можен рок.

Време е Европската Унија да донесе важни политички одлуки. Верувам дека Република Северна Македонија исто така ќе може успешно да напредува кон членството во ЕУ и еден ден нашите пријателски држави ќе се приклучат кон заедничкото европско семејство како полноправни членки на ЕУ.

Срдечно,
Володимир Зеленски

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

Трамп: „Зеленски, престани“

Кушнер: Може да има мир ако Украина исполни еден услов

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on