„Зелена котлина“: По скандалозната одлука на Управен за рудникот Иловица, поднесена жалба до Вишиот Управен суд

Од:

По иницијативата на активистите кои се борат за конечна одлука да се стопира каква било активност на компанијата „Еуромакс ресорсис“ и нејзино заминување од тлото каде што таа сака да прави рудник за бакар и злато, државниот правобвранител пред една недела поднел жалба до Вишиот управен суд. Жалбата е поднесена по одлуката на Управниот суд концесијата да биде вратена на „Еуромакс ресорсис“.

„Сакаме да ве известиме дека жалбата до Вишиот Управен суд е поднесена! Благодариме на сите што беа вклучени во оваа работа.
Инаку дознавме дека Еуромакс Ресурси поднеле жалба на 15ти јуни 2020 иако пресудата на Управниот суд беше во нивна корист. Измамниците сакале погача преку леб. Се сеќавате дека повеќе од две години измамниците од Еуромакс Ресурси трубаа насекаде дека се откажале од цијанид и сулфурна киселина? Епа еве доказ од Министерството, еве доказ колку треба да им се верува. Датумот на документот е од пред неколку денови. Некој овде лаже со години и не е тешко да се открие кој е измамникот! Измамници МРШ!“, објави на својот фејсбук профил Костадин Ристоманов од здружението „Зелена котлина“.

По одлуката на Управниот суд кој пресуди во полза на „Еуромакс ресорсис“ иако Владата донесе одлука за одземање на концесијата, активистите повторно организираа протести на кои упатија порака дека нивната двегодишна битка ќе продолжи до конечно заминување на компанијата од Иловица.

Нивниот активизам го поддржува паријата ДОМ која исто така се заложи да биде поднесена жалба до Вишиот Управен суд.

„Има повеќе од доволно аргументи за оспорување на пресудата, за потоа да се потврди одлуката на Владата за одземање на концесијата.
Прво, Владата ја одзеде концесијата за рудникот Иловица на 16.12.2019 година поради прекршување на Договорот за концесија. Имено, ни по 7,5 години (од 16.6.2012 година) од доделувањето на концесијата и по 5, односно 4,5 години (од 23.9.2014 година и од 22.6.2015 година) од потпишувањето на Договорот и Анексот на договорот, концесионерот немаше обезбедено потребни документи, ниту поднесено барање за издавање дозвола за експлоатација, а рокот изнесува 4 години (како што стои во владината одлука за прекин на договорот). Второ, студиите за оценка на влијанието врз животната средина, кои се најважни документи во случај на експлоатација на минерални суровини, се крајно проблематични. Постои т.н. Студија за Иловица 6, која не е донесена според закон, зашто не била воопшто претставена пред јавноста на јавна расправа! Постои исто така друга Студија, која се однесува за двете концесии споени во едно, иако никогаш не било одобрено спојување. Оваа Студија ги идентификува негативните влијанија врз животната средина, бидејќи се работи за една од најопасните и најзагадувачките технологии во светот, какви што имаат предизвикано 30-на еколошки катастрофи во последниве децении, поради што се забранети во редица држави! Но, и покрај тоа, Студијата предлага да се прифати проектот!? Сепак, до денешен ден не е донесено Решение за прифаќање на Студијата од страна на Министерството за животна средина, поради што не може ни да се издаде дозвола за експлоатација“, велат од ДОМ.

Според ДОМ целосниот концепт за Иловица, преточен во рударски проект, се состои од дел за површинско ископување на рудата и дел за нејзина преработка во огромен базен на отворено со раствор на цијаниди. Но, со измените на Законот за минерални суровини од 9.1.2019 година, забранета е употреба на цијаниди и сулфурна киселина во рудници со површински коп. Ова значи, дека се беспредметни сите документи што се однесуваат на технолошкиот процес, а беспредметно станува и прашањето ДАЛИ ќе се прави таков рудник, спротивно на закон!

Концесионерот никогаш ги нема комплетирано документите пропишани со закон, па нејасно е врз каква основа поднесувал разни барања, децидни се од ДОМ.

„Петто, од сево погоре е јасно дека нема „грешка во постапката“ од страна на Владата за неиздавање одобрувања за спојување на концесиите Иловица 6 и Иловица 11, па дури потоа да решава за дозволата за експлоатација. Патем, ова барање за спојување е од 29.1.2016 година, а компанијата до денешен ден нема комплетна документација неопходна за добивање дозвола за експлоатација“, соопштија од ДОМ пред поднесување на жалбата до Вишиот управен суд.

Би можело да ве интересира

Управен суд донесе одлука: Прием на слушатели на Академијата за судии и обвинители по изборите

Управен суд пресуди во полза на Академија зa судии и јавни обвинители, ја поништи одлуката на Антокорупциска

Тошковски: Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата

Орце Костов

Шаќири за пресудата за надлежностите за тетовската гимназија: Управниот суд во една година донесе две спротивни одлуки

Судски совет: Актите донесени во време на Георгиев не се ништовни, Управен суд не ја доведе во прашање нивната законитост

Александар Тодески

Дамева: Се надевам дека пресудата на Управниот суд е почеток на враќањето на довербата во судството