„Зелен хуман град“: Во Скопје треба повеќе потписи за советничка листа отколку за пратеници

Од:

Крајно сме револтирани од последната изјава на премиерот Заев за зголемувањето на прагот зa независни листи на локално ниво на 1% што сака да го прикаже како намалување велат од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“.

– Му порачуваме дека учеството во изборната трка на независни граѓани кои не сакаат да се дел од ниедна партија – не е и не може да биде предмет на пазарење. Уште помалку, предмет на пазарење меѓу партиите. Следствено, крајно е понижувачки да се слуша некој кој до вчера беше „на браникот на демократијата“, денес да се става над законот, да зборува во име на други институции кои – ако во Македонија се практикува поделбата на власта – се целосно независни од него и неговата функција, се вели во соопштението на „Зелен хуман град“.

Од иницијативата велат дека за независна советничка листа за Град Скопје ќе бидат потребни повеќе граѓански потписи отколку за кандидидирање на пратеници на парламентарни избори.

– За кандидирање на парламентарни избори, независна листа треба да собере 1.000 потписи од цела изборна единица, а за Град Скопје со зголемувањето на прагот на 1% треба да се соберат 5.000 потписи, колку што на локалните избори во 2017 г. „тежел“ еден советнички мандат. Интересно, членот од Изборниот законик во кој е уреден бројот на потребни потписи за кандидирање пратеници преку независна листа не е предмет на измена сега. Ќе биде ли менуван пред следните парламентарни избори ако се кандидира ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД со своја, независна, листа, прашуваат од иницијативата.

Од претседателот Стево Пендаровски, министерството за правда и од Собранието иницијативата „Зелен хуман град“ бара за Изборниот законик да се отвори јавна дебата во која ќе учествува престставник на „Зелен хуман град“, за изборните правила да не решаваат само поголемите политички партии кои, според „Зелен хуман град“, носат одлуки во нивни интерес. Иницијативата бара прагот за потписи за независни листи да се намали десеткратно за сите општини и да се воведе собирање потписи надвот од општинските канцеларии на ДИК, односно на улица со приложување лична карта, согласно со препораките од ОБСЕ/ОДИХР од 2017 година, каде што е наведено дека „треба да се размисли за обезбедување алтернативни методи за собирање потписи, со цел да се намали потенцијалот за заплашување“. Иницијативата, исто така бара и измени на Изботниот законик со кои нема да се овозможи рекламирањето во медимите да биде во корист на големите политички партии. „Зелен хуман град“ бара да се почитуваат препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а во овој случај да не се менува Изборниот законик непосредно пред одржување на локалните избори кои се закажани на 17 октомври.

Би можело да ве интересира

Зелен хуман град: Пропаднаа мерките за спречување на аерозагадувањето во Град Скопје

Зелен хуман град: Го одбиваме буџетот на Град Скопје за 2024 година

Катерина Ѓуровски

Зелен Хуман Град: 15 предлози за намалување на аерозагадувањето преку Град Скопје

Ана Ололовска

Зелен хуман град до УСЈЕ: Никој не ви верува на провидните маипулации

Катерина Ѓуровски

Kонстантин Петрески избран за претседател на Градскиот еко совет

А1он

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска