Зекири откако пратеникот на БЕСА не се појави во Собранието: Промена на играта

Од:

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири реагираше на социјалните мрежи откако еден од пратениците на Движењето Беса не дојде на седницата во Собранието. „Game change“, напиша Зекири, што во превод значи „промена на играта“.

Покренувачите на Иницијативата, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Алтернатива, Левица и Беса го немаат потребното мнозинство за гласање недоверба на Владата, откако стана јасно дека пратеникот Кастриот Реџепи од Беса не присуствува на седницата иако е потпишан на иницијативата. Пратениците на СДСМ и на ДУИ не беа во салата.

Реџепи на Фејсбук напиша, меѓу другото, дека одлучил да не присуствува на седницата „имајќи ја предвид актуелната политичка состојба по оставката на премиерот Заев и заради процесот и силните пораки од стратешките партнери – САД и ЕУ, кои ми се соопштени од висок дипломатски претставник дека во месец декември државата има големи можности да добие датум за преговори со ЕУ“.

Би можело да ве интересира

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи