Главниот уредник на телевизијата Алсат М, Мухамед Зекири по настапот на премиерот Никола Груевски во вестите на албански јазик на втората програма на МТВ, го покани во телевизијата која тој ја уредува за да одговори на вистинските прашања што ѝ се случува на Македонија.
– Груевски бујрум во „Алсат М“ на интервју да ги чујат граѓаните одговорите на вистинските прашања за „Монструм“. Не одговарај на нарачани прашања напишани од вашиот кабинет. Брука, срамота, кажи да!“– напиша Зекири.