Новинар од Алсат ја скина легитимацијата од Влада зошто не била напишана на албански

Од:

Новинарот од Алсат-М, Адриан Керими ја искина новинарската легитимација од Владата на Република Македонија бидејќи не била напишана на албански јазик.

-Таква лична карта не прифаќам! Се додека не го почитувате мојот мајчин јазик и не ги почитувате меѓународните правила за медиумите. Не зборувајте за слободата на медиумите, доколку не ги почитувате правата на новинарите, напиша новинарот на социјалните мрежи.

Тој исто така вели дека вредностите за европска интеграција што ги промовира Владата на РМ се само за потсмев и имаат за цел да ги прикријат скандалите и празнините кои дури и се прикажуваат пред меѓународниот фактор.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата