Зечевиќ во Кичево: Големината на СДСМ е во државничките одлуки за иднината на земјата

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, денеска ги продолжува интензивните теренски активности во повеќе градови и населени места, на средби со граѓаните, членовите и симпатизерите на партијата.

На работен состанок со членовите од општинската организација во Кичево Зечевиќ зборуваше за државничките политики на СДСМ за иднината на земјата но и за економските мерки за ублажување на последиците од глобалната енергетска и економска криза.

-Сите живееме во тешко време и последици од глобални кризи и светски текови. За државата е добро што во овие турбулентни времиња кормилото е во рацете на СДСМ, партија која со државнички одлуки ја обезбедува македонската иднина во ЕУ и социјалдемократски економски политики како одговор на кризата. Тоа се двете клучни линии, столбови. Едниот, кој значи одлуки за продолжување на европскиот пат на земјата и подобра иднина за македонските млади генерации и вториот антикризни мерки за ублажување на последиците од глобалната криза. Само во последните неколку месеци 760 милиони евра одвои владата предводена од СДСМ за помош на граѓаните и компаниите. Тоа е големината на СДСМ, државнички одлуки за иднината и економски политики за сегашноста, рече Зечевиќ.

СДСМ, додаде Зечевиќ, е интензивно присутна на терен, со граѓаните, со членовите, посочувајќи ја и големата посетеност на трибините „Силно и одлучно кон иднината“ како порака за исправноста на државничките политики и поддршката на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Честитка на генералниот секретар Зечевиќ по повод Свети Сава

Зечевиќ од Охрид: Силата на духовното раѓање што го носи Водици и вербата во новата надеж нека бидат наша заедничка поткрепа да создадеме подобра иднина

А1он

Петровска: Присуство на наш претставник на конвенцијата на Нова Алтернатива е политичка култура, тоа не значи коалицирање или соработка

ФОТО: Арсовска ја промовираше Нова Алтернатива, меѓу гостите и Зечевиќ

Александар Тодески

Честитка од генералниот секретар на СДСМ Зечевиќ до католичките верници

Орце Костов

Миле Зечевиќ од СДСМ не е веќе во надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Орце Костов