Зечевиќ: Важна е поддршката од САД, време е за обединување околу европскиот пат

Од:

Поддршката којашто доаѓа од САД, нашите стратешки партнери, за целосно заокружување на евро интеграцијата на македонската држава е силна, значајна порака за иднината на земјава и на целиот наш народ. Граѓаните сакаат да бидат дел од Европа, а ние подолго време говориме, време е за обединување на сите политички чинители во општеството околу европскиот пат, порача денеска на средба со граѓаните во општина Сарај, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, во рамки на теренските активности на партијата „Рамо до рамо, до победа“.

-Ние знаеме што е меѓусебна почит, заедништво и живејачка едни со други. И знам дека сите наши граѓани, без разлика на определба или етничка припадност, сакаат да бидат дел од ЕУ, да живеат достоинствено во својата држава. Но, исто така значајно за иднината на земјата е да бидеме седнати на големата маса во Брисел, рамноправни, рамо до рамо со големите државотворни народни на Европа. Одговорност на сите партии, на сите општествени чинители е да им го овозможат тоа на граѓаните ама и на државата. Заради доброто на идните генерации. Да им ја обезбедиме иднината со затворени прашања и да им оставиме средена земја, со европски вредности и животен стандард. Исклучително е важна поддршката што доаѓа од САД, од нашите стратешки партнери, за целосно заокружување на интеграцијата во ЕУ. Тоа е силна порака за македонската држава и за целиот наш народ, за сите наши граѓани. Ние подолго време говориме, време е за обединување на сите политички чинители во општеството околу европскиот пат. Ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат, во името на националниот интерес. Време е за глас за Европа, рече Зечевиќ.

СДСМ секојдневно е рамо до рамо со граѓаните. За еден месец веќе имаме реализирано околу 400 средби во 250 населени места.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел