Зечевиќ од Врапчиште: СДСМ ја етаблира државата како рамноправен дел од европското семејство

Од:

СДСМ ја етаблира државата како рамноправен дел од големото европско семејство, со развој на трајни европски вредности на коишто почива социјалдемократијата, порача денеска од Врапчиште генералниот секретар Миле Зечевиќ на состанок со партиските членови и симпатизери од оваа општина.

– Политиките на СДСМ за интеграција, надворешна и внатрешна, како општество на рамноправни и одговорни граѓани, се социјалдемократски модел за заеднички напредок и создавање интегриран систем на еднакви можности. Можевме комотно да седиме на страна и да го практикуваме мандатот, но ние застанавме зад политиките на европски интеграции, отфрлајќи ги изолациите и поделбите од секаков вид! Затоа ги носевме тешките одлуки, да обезбедиме сигурна и стабилна иднина за младите дома во побогата и понапредна земја. Државата им припаѓа на граѓаните и затоа обезбедувањето на сигурна, европска иднината на земјата е најважното државничко прашање за денешните генерации македонски политичари – додаде Зечевиќ.

Генералниот секретар на СДСМ ги продолжува интензивните теренски активности ширум републиката кои континуирано ги спроведува во изминатиот период. СДСМ е силно присутна на терен, со граѓаните, со членовите и симпатизерите на партијата.

Би можело да ве интересира

Честитка на генералниот секретар Зечевиќ по повод Свети Сава

Зечевиќ од Охрид: Силата на духовното раѓање што го носи Водици и вербата во новата надеж нека бидат наша заедничка поткрепа да создадеме подобра иднина

А1он

Петровска: Присуство на наш претставник на конвенцијата на Нова Алтернатива е политичка култура, тоа не значи коалицирање или соработка

ФОТО: Арсовска ја промовираше Нова Алтернатива, меѓу гостите и Зечевиќ

Александар Тодески

Честитка од генералниот секретар на СДСМ Зечевиќ до католичките верници

Орце Костов

Миле Зечевиќ од СДСМ не е веќе во надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Орце Костов