Зечевиќ: Новото време налага нови доктрини, европскиот пат е новиот македонизам

Од:

Сите заедно мора да го препознаеме новото време, како нација треба мудро да ги протолкуваме пораките на новото време, да се обединиме и соодветно да делуваме, се работи за иднината на државата, на македонскиот народ и на сите наши граѓани, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ вечерва на средба со членови и симпатизери на партијата од општинската организација во Делчево.

-Македонската нација и македонската држава се исправени пред исклучителни предизвици. Како и многу пати до сега во својата историја. Светот и Европа се престројуваат за новото време. Колку побргу тоа го осознаеме како држава и како нација, колку побрзо ги протолкуваме пораките на новото време, толку подобро за нас. Затоа што од секогаш сме биле на вистинската страна на историјата. Денеска, вистинската страна на историјата е европската иднината на татковината., рече Зечевиќ.

Генералниот секретар додаде дека македонската држава е зрела за новите доктрини и нови политики за новите времиња, за нејзината европска иднина.

-Ние мора да ги поставиме магистралите за нашите нови почетоци и да се обединиме околу правецот. Европска Македонија е новиот македонизам. Градот кој гордо го носи името на македонскиот великан, Гоце Делчев, многу добро знае дека визијата и лидерството на македонските великани, секогаш биле со поглед напред, за идните генерации. Нивното дело не учи и не повикува на вредностите на нивната борба за слободна и призната земја, да обезбедиме иднина на идните генерации, синови, ќерки, внуци. Сите заедно, да го препознаеме историскиот моментум, да се обединиме, соодветно да делуваме и да го изодиме патот до полноправно членство, рече Зечевиќ.

Би можело да ве интересира

Честитка на генералниот секретар Зечевиќ по повод Свети Сава

Зечевиќ од Охрид: Силата на духовното раѓање што го носи Водици и вербата во новата надеж нека бидат наша заедничка поткрепа да создадеме подобра иднина

А1он

Петровска: Присуство на наш претставник на конвенцијата на Нова Алтернатива е политичка култура, тоа не значи коалицирање или соработка

ФОТО: Арсовска ја промовираше Нова Алтернатива, меѓу гостите и Зечевиќ

Александар Тодески

Честитка од генералниот секретар на СДСМ Зечевиќ до католичките верници

Орце Костов

Миле Зечевиќ од СДСМ не е веќе во надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Орце Костов