Здруженијата на новинари на Македонија и Србија бараат азил за Зоран Божиновски

Од:

Здружението на новинарите на Македонија и Здружението на новинарите на Србија, бараат од Министерот за правда на Србија Никола Селаковиќ да одобри азил и да не дозволи испорачување на новинарот Зоран Божиновски во Македонија.

– Како што ЗНС дознава, Зоран Божиновски синоќа е пуштен од екстрадициониот притвор со ограничена слобода на движење. Екстрадиционата постапка се уште трае, а барањето за азил се уште не му е одобрено. ЗНМ и ЗНС истакнуваат дека испорачувањето на Божиновски би било лоша порака за останатите новинари кои ги истражуваат врските на бизнисот, политиката и криминалот, и дека Република Србија со одлука за давање на политички азил на Зоран Божиновски ќе покаже дека го почитува правото на заштита на новинарската професија и слободата на истражувањето. ЗНМ и ЗНС потсетуваат дека во последниот годишен извештај за Македонија, Европската комисија наведува дека во македонското судство е присутна селективна правда. ЗНМ и ЗНС стравуваат дека Зоран Божиновски во Македонија нема да има фер судење и истакнуваат дека и Република Србија, со евентуална одлука за испорака себеси ќе се компромитира пред меѓународните демократски институции – се вели во соопштението на ЗНМ.

На 7 ноември 2013 година, Зоран Божиновски беше уапсен во Нови Сад со потерница од Интерпол со обвинение за злосторничко здружување, шпионажа и уцена според Кривичниот закон на Македонија и од тогаш се наоѓаше во екстрадиционен притвор.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Комеморација во чест на новинарот Саше Димовски

ЗНМ бара повлекување на наредбата од организациската директорка на Токсикологија

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on