Здружението „Сполтени срца“ ќе организира собир на штипскиот плоштад „Слобода“

Од:

Здружението „Сплотени срца“ во сабота организира собир на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Зоран Мијалков од „Сплотени срца“ изјави дека ова не е протест на родителите на децата со посебни потреби, туку собир на кој ќе ги потсетат институциите кои се нивните барања.

– Собирот почнува од 12 часот и ќе трае до 13 часот, а на него ќе излеземе ние, нашите семејства, пријатели, соседи, а ги повикуваме и сите граѓани на општина Штип да ни се приклучат на плоштадот. Значи ова не е протест, ние решивме нашата болка да ја преточиме во нешто добро, а тоа е да се обидинеме околу животно важните прашања, кои сите не допираат, а едно од тие е згрижување на децата и возрасните со посебни потреби, вели Мијалков.

Тој најави дека вакви собири ќе се организираат и во другите градови во земјава, а родителите на децата со посебни потреби ги покануваат и граѓаните, но и политичарите да дојдат на собирот.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му