А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Здружението „Плоштад Слобода“ бара повлекување и доработка на планот за „Мал ринг“

by А1он22/07/2020 - 13:31398
Share0

Здружението „Плоштад Слобода“ бара од градоначалникот на општина Центар и од Советот на општината да го продолжат терминот за јавната расправа и презентација за „Мал ринг“ за уште 30 дена и да се повлече планот на доработка во која ќе бидат вклучени надлежните институции, специјализираните граѓански здруженија, Асоцијацијата на архитекти на Македонија и граѓани кои живеат и работат во тој дел на градот.

Добивај вести на вибер

– Повикуваме вистинската јавна расправа, веројатно и понатаму под влијание на заканата по јавното здравје, да се случи наесен, во услови кои ќе овозможат комплетна транспарентност и соодветно учество на граѓаните во овие процеси, се вели во соопштението.

Оттаму забележуваат дека специфичната планска документација којашто е објавена не е адаптирана на разбирливо ниво за просечниот граѓанин и оти недостасуваат 3Д прикази, анализи, и прирачници со кои ќе се обезбеди точност во информирање на јавноста.

– Условите за спроведување на јавна и колективна активност заради прогласената епидемија се дополнително отежнати во моментот кога е закажана јавната расправа по повод Предлог – Детaлниот урбанистички план за градска четврт Ц01 – Мал ринг 1, што практично делува како Општина Центар, Саша Богдановиќ и Цветанка Симоновска да се трудат да им го отежнат на граѓаните учеството во процесот на урбанистичко планирање. Дополнително, специфичната планска документација која е објавена не е воопшто адаптирана на ниво разбирливо за еден просечен граѓанин. Недостасуваат 3Д прикази, анализи, и прирачници со кои ќе се обезбеди точност во информирање на јавноста. Една модерна општина мора да се залага за вакви промени ако има за цел успешна и конструктивна јавна анкета и дебата. Закажувањето и одржувањето на овие активности во спомнатите услови во најмала рака е неодговорно и потсетува на праксите на владеењето на устроението кое го уништи центарот на градот, велат од Здружението.

Ја повикуваат општината да побара изработка на Стратегиска оценка за влијанието на животната средина и изработка на долгорочна стратегија за намалување на концентрацијата на сообраќај, да се ангажираат правни експерти со цел да се изнајдат решенија за спомениците и другите градби кои се граделе нелегално, да бидат прогласени за дивоградби. Од општината се бара да се направи и експертска анализа на конзерваторските основи.

mal ringplostad sloboda

Би можело да ве интересира

Планирањето во Центар за 1 денар по квадрат го зголемува ризикот од корупција и зделки меѓу планерот и сопствениците на земјиштето

Маја Илиевска-Пачемска09/11/2020 - 15:0010/11/2020 - 08:32

„Скопје 2014“ мора да се отстрани од Мал ринг, смета работната група формирана за последиците од проектот

Маја Илиевска-Пачемска30/07/2020 - 14:3830/07/2020 - 15:39

„Плоштад Слобода“ бара продолжување на рокот за забелешки за предлогот за ДУП-от за Мал ринг

Ана Ололовска27/07/2020 - 14:2827/07/2020 - 14:54

Со предлог ДУП-от за „Мал ринг“ зградите за домување се пренаменуваат за култура, нема галии и барокни фасади

Ана Ололовска22/07/2020 - 13:1322/07/2020 - 15:59

Богдановиќ: Со планот за Мал Ринг отстрануваме дел по дел од „Скопје 2014“

Ана Ололовска22/07/2020 - 10:4022/07/2020 - 10:43

Јавна презентација на Предлог-ДУП за Мал ринг, ААМ бара негово повлекување

Ана Ололовска22/07/2020 - 07:1322/07/2020 - 10:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен