Планирањето во Центар за 1 денар по квадрат го зголемува ризикот од корупција и зделки меѓу планерот и сопствениците на земјиштето

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврди дека подготовката на планот „Ново Маало 2“ за еден денар по квадратен метар не и остава на Општина Центар ефикасен механизам за заштита доколку планот не е изготвен навремено и неквалитетно.

Договорот со „Билд Урбан ДООЕЛ Скопје“ има одредби кои го обврзуваат да достави банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот во износ од 10% од вкупната вредност на услугите кои се предмет на договорот. Предвидена е и договорна казна во износ од 1 промил од вкупната договорена цена на услугите за секој ден задоцнување, ако услугите не се завршат во предвидениот рок. Казната не може да надмине 5% од вкупната вредност на договорот.

„Имајќи ја предвид вредноста на договорот (1 денар), произлегува дека во овој случај Општината не располага со адекватни и ефикасни правни механизми за наплата на штета и постои ризик од ненавремено и неквалитетно извршување на договорот без сериозни правни и финансиски последици за економскиот оператор, дотолку повеќе што се доведува во прашање квалитетот на уредувањето и хуманизацијата на просторот како и заштитата и унапредувањето на животната средина. Оваа состојба, Комисијата за ЈН требало да ја согледа и земе предвид при оценувањето на прифатливоста на образложението за невообичаено ниска цена доставено од страна на економскиот оператор ’Билд урбан ДООЕЛ Скопје’“, утврдила ДКСК откако на сопствена иницијатива отвори предмет за планирањето по 1 денар за квадрат во Општина Центар.

Антикорупционерите не утврдиле слабости во спроведување на тендерската постапка спротивни на Законот за јавни набавки, но сметаат дека за одбележување е поединечниот договор со „Билд урбан“ оти предмет на договорот е изработка на план кој претходно е изработен од истиот планер а со Одлука на Советот на општината не се применува поради неусогласеност со ГУП. Неусогласеноста се однесува на бруто развиена површина, максимално дозволена густина на населеност, односно максимален дозволен број жители – корисници на просторот.

Овој план го опфаќа и паркингот спроти „Холидеј ин“ за чија продажба реализирана во време на мораториум кога ДУП от се ревидира и може да претрпи измени, ДКСК веќе се произнесе и укажа дека постои реален ризик од влијанија на сопствениците на тоа земјиште врз натамошната постапка на ревидирање и донесување на ДУП од страна Советот на општината.

„Фактот дека планот се изработува по исклучително ниска цена, го зголемува и ризикот од коруптивно однесување односно склучување на коруптивни зделки помеѓу планерот и сопствениците на земјиштето кои се идни инвеститори“, сметаат антикорупционерите.

Од увидот во документацијата Антикорупциска утврдила и дека забелешките кои Комисијата за урбанизам формирана од градоначалникот, во повеќе наврати ги упатувала до планерот не се прифатени во целост, а Општината, како нарачател на услугата, не го искористила правото да не ја прифати извршената услуга, кое е предвидено во Договорот со економскиот оператор.

Антикорупцинерите утврдиле и дека градоначалникот не постапил согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање со кој е предвидено обезбедување инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање преку задолжително формирање партиципативно тело кое ги преставува ставовите мислењата и интересите на граѓаните, граѓанските организации, но и на стручната фела како најодговорна за оценка на плановите од аспект на почитување на стандардите за изработка на квалитетни планови насочени кон јавниот интерес. За формирање на ова тело не е објави јавен оглас на веб-страницата на Општината ниту во писмена форма е изложен оглас на јавно место во траење од 30 дена, како што пропишува законот.

Поради сите забелешки, антикорупционерите препорачуваат градоначалникот и Советот на Општината особено да водат сметка за квалитетот на плановите што ќе ги донесат при тоа имајќи ги предвид дека ДУП треба да биде усогласен со ГУП, донесен во 2012 година со важност до 2022 година и задолжително формирање партиципативно тело и обезбедување инклузивност, партиципативност и јавност на процесот.

Би можело да ве интересира

За 14 дена санкционирани 220 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

Ана Ололовска

Речиси 4 милиони евра од судски пресуди, договорни казни и активирани банкарски гаранции во Буџетот на Општина Центар

Ана Ололовска

ОУ „Киро Глигоров“ меѓу финалистите за наградата на ЕУ за современа архитектура „Мис ван дер Рое“ 2022

Жарко Настоски

ДКСК иницира постапка за незаконско финансирање на партија за време на изборната кампања

Ана Ололовска

Имотната состојба на функционерите и судиите под лупа на антикорупциска

Ана Ололовска

ДКСК: Општина Центар да избере нови членови на комисиите кои работат на избор на идејно решение за локацијата на фабриката „Треска“

Ана Ололовска