„Плоштад Слобода“ бара продолжување на рокот за забелешки за предлогот за ДУП-от за Мал ринг

Од:

Здружението „Плоштад Слобода“ до градоначалникот и Советот на Општина Центар упати барање да го продолжат рокот предвиден за одржување на јавната анкета по предлог за ДУП-от Мал ринг со цел, како што велат, тие да можат да доставуваат анкетни листови со забелешки.

Од здружението велат дека барањето го поднесуваат поради тоа што биле одбиени сите апели на професионалните и граѓански здруженија и поединци за повлекување на предлог-планот од јавна анкета, поради, како што потенцираат, недемократскиот потенцијал на организирање јавна презентација и анкета по еден од најкритичните предлог-планови во општината во најжешкиот летен месец од годината, насред прогласена пандемија и комплетно загрозено јавно здравје во нашата земја.

-Поради особениот интерес разбуден кај јавноста со општествениот дијалог и борба на оваа тема, а отежнати услови за спроведување на јавната анкета, поради сѐ поголемиот број забелешки за содржината на предлог-планот, поради јавните заложби на градоначалникот Богдановиќ за инкорпорирање на сите аргументирани забелешки во наредната верзија на предлог-планот, а исклучително кратко време на располагање да се достават, бараме да се продолжи рокот во кој предлог-планот ќе биде изложен за граѓаните, а тие ќе можат да доставуваат анкетни листови со забелешки до 31 август 2020 година, велат од „Плоштад Слобода“.

Од здружението потенцираат дека само со дијалог и соработка можеме да се гради меѓусебната доверба, да се носат соодветни јавни политики и да имаме стабилна јавна администрација и одговорни граѓани.

Предлот за ДУП-от за Мал ринг беше презентиран пред пет дена во Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар