Здружението на судии ги осуди протестите против судските одлуки

Од:

Здружението на судии на Република Македонија во денешното соопштение ги осудува протестите против судските одлуки и апелира во случајот „Кежаровски“ да не се користат навреди и омаловажувања на судовите.

– Здружението на судии на Република Македонија ги осудува протестите против судските одлуки без разлика што е загарантирано правото на протест на секој, судските одлуки единствено можат да се преиспитуваат во судска инстанца и непримерно е да се попречува работата на судовите и притоа да се користи улична демократија за промена на одлуки која и тие кои протестираат се свесни дека не можат да ги издејствуваат надвор од институционалното и во судска инстанца преиспитување на судската одлука, се вели во соопштението.

Од Здружението на судии на Република Македонија апелира во случајот „Кежаровски“ да не се користат навреди и омаловажувања на судовите и судските одлуки особено што ова не е прв пат, а Здружението, како што е наведено во соопштението, веќе има реагирано на непримерните протести и вокабуларот на омраза што се шири на протестите.

Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија денеска одржа седница на која расправаше за протестот одржан пред Апелацискиот суд Скопје.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска