Здружението на слепи лица го одбележа Денот на белиот стап

Од:

Здружението на слепи лица од Струмица, денеска го обележа 15 октомври – светскиот ден на белиот стап. Повеќе членови се собраа во просториите на здружението, се дружеа и разговараа на актуелни теми, евоцираа спомени за поминатите излети, но и ги планираа идните активности. Меѓу нив беа и претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски и раководителот на одделението за локален економски развој, Тони Милушев.

den-na-slepi (2)

-Им го честитам денот на слепите и сакам да им ги пренесам поздравите од нашиот градоначалник Зоран Заев, тој денеска е отсутен, но еве јасум тука со раководителот на одделението за локален економски развој. Ние, како Совет и градоначалникот Заев секогаш водиме грижа за овие лица, секоја година сме присутни на сите нивни манифестации и секоја година ги помагаме со парични средства и секогаш ќе сме овде кога ќе им треба нашата помош, рече Даскаловски.

На континуираната помош од градоначалникот Зоран Заев и општината се заблагодари Соња Велкова, претседател на здружението на слепи лица.

den-na-slepi (3)

– Традиционално, како и во минатите години така и оваа, денеска во  здружението на слепи лица, со дружење го прославуваме меѓународниот ден на белиот стап. Карактеристични активности според мене за слепите лица се излетите од причина што во нив учествуваат буквално сите слепи  лица. Минатата година изведовме еднодневен излет до Крушево, оваа година бевме во Дојран и двата излета се покриени со финансиски средства од општина Струмица. И оваа година имаме одобрен проект од општина Струмица, а тоа е турнир во гол – бал. Нека им е честит празникот на сите слепи лица, рече Велкова.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски