Здружението на приватни лекари од Mинистерство за здравство бара одредени бенифиции

Од:

\Д-р Лилија Чолакова Дервишова претседател на здружението на приватни лекари на Република Македонија на денешната прес конференција во Велес, информираше дека на состанокот на управниот одбор на здружението се дискутирало за сите тековни проблеми и нови закони со кои се соочува здравството, а особено за финансиските импликации во примарното здравство.

Таа информира дека од Здружението бараат работна средба со целокупниот тим на Министерството за здравство. Потсети дека капитацијата е воведена во 2001 година и од тогаш досега во однос на исплатата само еднаш е направено поместување каде бодот е вратен од 45 на 50 денари во 2010 година.

– Од тогаш досега воведени се дополнителни давачки, а најновите се сопствениците на приватните амбуланти од кои, исплата на К-15 на вработените, покачување на 0,5 проценти на основицата на платите на вработените, трошоци за хартија и тонер и други давачки. Време е да се дискутира за бодот кој би бил 100 денари и воведување на партиципација од 50 денари,потенцира д-р Чолакова Дервишова.
Според здружението, посочи д-р Чолакова Дервишова некои од протоколите не се компатибилни за нашето здравство и тоа е причина плус да се разговара со Министерството за здравство и Фондот за здравство.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот