А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Здружението на децата со дијабетес бара иглите што се користат за бебињата да се стават на позитивната листа

by А1он14/11/2014 - 10:35110
Share0

Асоцијацијата за детски дијабетес „Баланс МК“ по повод Светскиот ден на дијабетесот најави дека ќе бара иглите што се користат кај бебињата и децата дијабетичари да се стават на позитивната листа.

Добивај вести на вибер

Во денешното соопштение од Асоцијацијата посочуваат дека еден дијабетичар во просек троши по 20 евра за една кутија игли за месец до два и оти и за децата се користат исти игли од 6 мм, како и за возрасни.

Според нив, погрешно е тоа што се употребуваат игли со иста големина и за деца и за возрасни бидејќи кожата и поткожното ткиво се различни кај секого.

Асоцијацијата посочува и дека гликомерите односно апаратите кои вршат 24 часовен мониторинг на шеќерот во крвта во западните држави за децата се на позитивната листа.

Во Македонија, според Асоцијацијата, има приближно 200.000 лица со дијабетес тип 1 и тип 2. Од нив, околу 43.000 лица примаат инсулин, а на Детската клиника на годишно ниво се регистрираат околу 30 деца со дијабетес тип 1 (инсулин зависен). Оваа година, дијабетес мелитус тип 1 е дијагностициран кај 33 деца, соопштува Асоцијацијата за детски дијабетес.

zdravstvo

Би можело да ве интересира

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 13:55

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Горан Наумовски16/02/2026 - 12:07

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он05/12/2025 - 16:43

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски21/11/2025 - 11:5221/11/2025 - 13:43

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

Предраг Петровиќ17/11/2025 - 14:02

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски15/11/2025 - 12:2015/11/2025 - 12:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен