Здружението на Балкански Египќани со осуда за поддршката на ВМРО-ДПМНЕ од нерегистрираната „НВО Коалиција на Египќани“

Од:

„Здруженијата кои ја застапуваат заедницата на балканските Египќани во Македонија, имаат за цел да креираат услови, за активно вклување на заедницата во општествените текови и учество во генерирањето на нови вредности, кое ќе креира еднакви можности за изградба на подобра иднина за сегашните и генерациите кои доаѓаат.

Денес граѓанските организации треба да бидат коректив на власта, каде ќе ги промовираат демократските вредности и владеење на правото, каде ќе креираат можности за нормално функционирање на демократијата, каде ќе создадат една критична маса на луѓе која ќе земе учество во креирање клучните политички процеси, со цел креирање на едно здраво општество.

Водејќи се од овие начела и принципи остро ја осудуваме така наречената, која не е официјално регистрирана „НВО коалицијата на Египќаните“ која јавно застана зад ВМРО-ДПМНЕ, чии нејзини високи функционери, јавно видовме и слушнавме како ги навредуваат преставниците на заедницата на балканските  Египќани, и ширеа говор на омраза, лаги и манипулации.  Затоа сметаме дека оваа поддршка треба да биде повлечена и јавно да се извинат преставниците од НВО коалицијата на Египќаните на преставниците на заедницата на балканските Египќани и пошироката јавност.

Здруженијата согласно законите и статутот можат да поддржат единствено граѓански коалиции кои имаат за цел обезбедување на активни, гласни и критички граѓани, коалиции кои ги поддржуваат принципите на еднакви можности на социјална правда и активна заштита грижа и за човекови права и слободи.

Преставниците на заедницата на балканските Египќани одсекогаш биле миролубиви, паметни и работни луѓе кој ја негуваат толеранцијата и соживотот во Република Македонија, затоа ги повикуваме да не подлегнуваат на притисоци, манипулации и лаги, без никаков страв и притисок, по свој волја, сами да одлучат дали ќе излезат на протестите на 17 Мај на граѓанското движење „Граѓаните за Македонија“ која се залага на враќање на демократските вредности и креирање на едно општество кое е отворено за сите граѓани на Република Македонија“, се вели во пишаното соопштение на Здружението на Балкански Египќани.

 

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања