Здружението „Бедем“ бара Жерновски да се откаже од одлуката за „Скопје 2014“

Од:

„Бедем“ испрати отворено писмо до градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски во кое бараат тој да се откаже од неговата одлука за проектот „Скопје 2014“.

– Иако свесни дека остранувањето на спомен обележјата на истакнати македонски дејци не е во Ваша надлежност, Ви ставаме јасно до знаење дека доколку се дрзнете на ваков чекор ќе се соочите со жестока реакција на нас бранителите. Но тоа ќе биде реакција и на македонскиот народ кој е горд и со достоинство, свесен за својата историја. Овде не се работи за политика, туку за одбрана на националното достоинство, за одбрана на патриотските чувства и оддавањето почит кон луѓето кои со сопствена жртва се вградиле во создавањето на оваа држава, наведуваат од „Бедем“ во писмото до Жерновски.

Прашуваат од каде е таа негова храброст да се бара отстранвуање на споменикот на бранителите на кој се испишани 75 имиња на бранители кои го дадоа животот за нашата иднина, за вашата, за секој граѓанин на Македонија.

– Да се острани споменикот на Ченто, чиј лик не го скршија комунистите, а сега Вие сакате неговиот спомен да го остраните, да се остранат спомениците на Президумот на АСНОМ, на Питу, на Гоце, на Карев, Чуповски, Шатев се граничи со лудост, стои во писмото.

Тие потенцираат дека со рушење не се обезбедува заслужно место во историјата, туку со градење и дела. Му порачуваат на Жерновски дека е избран од граѓаните да градите. Рушењето и разместувањето на спомениците, значи рушење на достоинството, честа и угледот на овој народ и оваа држава.

Како бранители, подвлекуваат од „Бедем“, кои за разлика од Вас како политичар не се водиме од политичкиот интерес, туку од чистото патриотско чувство на кои како граѓани на оваа држава имаме природно право, сме подготвени да одговориме и на таквиот предизвик кој како бранители го прифаќаме.

– Затоа што ние не може да бидеме согласни кога гледаме дека Вие г-дине Жерновски и неколкумина како Вас си поигрувате со националните чувства и покажувате непочитување на луѓето кој ја граделе и создавале оваа држава, стои во писмото до Жерновски.

Од Бедем го спомнуваат споменикот на Бранителите, иако Жерновски никогаш не кажал дека ќе го преместува тој споменик, Тој има изјавено дека ќе се направи ревизија да се види како се плаќани спомениците, и дали треба да се дислоцираат, посебно тие што немаат никаква поврзаност  со македонската историја.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски