Здружение „Стар Лагадин” по средбата со Заев и Сугарески: Го цениме напорот во изнаоѓање на решение објектот хотелски комплекс Лагадин да биде отстранет

Од:

Здружението на граѓани „Стар Лагадин” одржа средба со премиерот, Зоран Заев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески во врска со урбанистичките проблеми на Охридското крајбрежје, село Лагадин, информираат од здружението.

Како што се посочува во нивното соопштение на средбата била напомната заедничката заложба во борба против неправилностите во изградбата на објекти долж Охридското крајбрежје во зачувување на природната уникатност и биодиверзитетот на Охридското езеро и културното наследство на овој регион, заштитено од УНЕСКО.

„Ги цениме напорите на премиерот и министерот да изнајдат решение за ставање на Општиот акт за село Лагадин вон употреба, односно да не се постапува по Општиот акт за сите започнати, одобрени и потенцијални барања чија основа бил/е Општиот акт сé до донесување на Детален Урбанистички план за село Лагадин. Воедно, го цениме и напорот во изнаоѓање на решение објектот „хотелски комплекс Лагадин” да биде отстранет, срушен, поради прекршување на повеќе законски регулативи споменати во Извештајот на Државниот градежен инспекторат по координативната ревизија на објектот од 27.01.2017 година“, се наведува во нивното соопштение.

Здружението „Стар Лагадин”, се додава во соопштението останува на своите определби за заштита на урбанистичкиот интегритет, животната средина и одржливиот развој на село Лагадин и на севкупното Охридско крајбрежје. „Отворени сме да го поддржиме новиот Детален Урбанистички План за село Лагадин кој би ги задоволувал сите урбанистички, градежни и еколошки регулативи. Своите понатамошни активности здружението ќе ги конципира во зависност од мерките кои ќе ги превземат надлежните институции, пред се надлежното министерство и Општината Охрид, во однос на ставање на Општиот акт за село Лагадин вон употреба и рушење на неправно изградениот хотелски комплекс Лагадин во село Лагадин“, се вели во нивното соопштение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Заев: Нема да дозволам педер, суетен новинар и неколку криминалци да ја урнат Владата

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Разрешени директорите на МЕПСО, ЕЛЕМ, началникот на УБК и десетици други функционери

Галена Николовска-Ризвановиќ

Руските комичари за А1он: Го избравме Заев откако почна да ја обвинува Москва

Галена Николовска-Ризвановиќ

(ВИДЕО) Беџети: Министерството ме извести да не брзам со уривање на платформите на Матка

Маја Илиевска-Пачемска

Како Заев ја ископа законската дупка за да биде и премиер и министер

Атанасов до Заев: Поднесувам оставка од заменик-министер

А1он