Потребна е информираност за раната детекција на карцином на дојка и третирање на болеста, како и силна психолошката поддршка за полесно справување во текот на лекувањето. Во последните неколку години, смртноста на пациентите со карцином на дојка се движи меѓу 30 и 40 отсто од заболените, што сè уште претставува многу висок морбидитет. Како причина за високата смртност е и доцното детектирање на болеста, веќе во поодминат стадиум, недоволната информираност и ниската свесност за самопреглед, соопшти Здружението „Љубов сме/Jemi Dashuri”.
Според обработените податоци од Институтот за јавно здравје, како што посочуваат од Здружението, во 2019 година имало 782 новозаболени со карцином на дојка од кои 314 починале, односно 40 отсто, а една година претходно во 2018 од 852 дијагностицирани пациенти со карцином на дојка 283 починале, што е 30 отсто од вкупно заболените.
– Психолошката поддршка е клучна во лекувањето на онколошките пациенти, ја подобрува нивната психофизичка состојба, но и на целите семејства. Но, исто така потребна е и подобра и стручна информираност за болеста, стадиумите, текот на лекување, нешто што пациентките со карцином на дојка можат да го добијат преку апликација – виртуелен навигатор Ана достапен на страната на Рош Македонија. Со посета на линкот https://www.roche.mk/mk/tx/
Таа додаде дека потребно е подигнување на свеста за рана детекција, бидејќи сите болести успешно се лекуваат само доколку навреме се откријат.
– Преку разговорот, за кој понекогаш имаат потреба да се одвива во приватно и изолирано окружување, каде слободно и во секое време може да прашаат се што ги интересира за карциномот на дојка, пациентите се чувствуваат посилни и мотивирани да ја победат болеста и успешно да го завршат целокупниот процес на лекување, потенцираат од Здружението и ги советуваат пациентите со канцер на дојка да го посетат линкот каде можат да започнат разговор за карциномот на дојка и да добијат поддршка и одговор за болеста.