Здравство: СДСМ создава лажна претстава за жолтицата во Шуто Оризари

Од:

Денешната прес-конференција на Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, е обид за креирање на лажна претстава за жолтицата во Шуто Оризари, реагира Министерството за здравство.

„Во врска со изјавата на Мила Царовска од СДСМ, која претставува обид за креирање лажна претстава за состојбата со жолтица во општина Шуто Оризари, преку пласирање на непроверени податоци за бројот на заболени лица од оваа општина, Министерството за здравство ја информира јавноста за следната фактичка состојба: Официјалните податоци од Центарот за јавно здравје Скопје покажуваат дека на подрачјето на град Скопје се регистрирани вкупно 157 лица заболени од жолтица, од кои вкупно 63 се од општина Шуто Оризари, односно половина помалку од бројката која Вие ја прикажувате“, стои во реакцијата.

Министерството вели дека надлежните институции континуирано преземаат мерки за заштита на населението од жолтица. Во соопштението се вели дека епидемиолози од Центарот за јавно здравје Скопје, заедно со инспекциските служби, редовно вршат контрола на спроведувањето на превентивни противепидемиски мерки во училиштата и детските градинки (обезбедени средства за лична хигиена, извршено комплетно механичко чистење на објектот и спроведена дезинфекција од страна на овластена установа).

„Од страна на ЦЈЗ Скопје извршена е дезинфекција на дворовите и куќите во општина Шуто Оризари од каде има регистрирани заболени лица. Во училиштата во оваа општина, редовно на секои 15 дена се врши темелна дезинфекција. На почетокот на учебната година од страна на претставници на ЦЈЗ Скопје спроведени се едукативни предавања за наставниците во училиштата на подрачјето на општина Шуто Оризари, околу начинот на одржување на хигиена како превенција од жолтицата и детално запознавање со сите мерки за превенција од ширење на заболувањето“, стои во реакцијата на министерството.

Здравство вели дека како и во останатите училишта на подрачјето на град Скопје, на влезот во училиштата во општина Шуто Оризари се поставени дезинфекциони бариери, кои претставуваат дополнителна заштита од ширење на заболувањето. Превентивните тимови за имунизација и систематски прегледи при Здравствен дом Скопје, како и патронажните сестри, во рамки на активностите на терен посветуваат внимание на совети и едукација за превенција од жолтица и одржување хигиена на рацете.

Во соопштението од Министерството за здравство се вели дека Здравствен дом Скопје извршил анализа на жолчните бои во урината кај 82 деца од најранливата категорија на жители на општина Шуто Оризари, на барање на невладината организација Дневен центар за деца од улица, при што во ниту еден примерок не бил добиен позитивен резултат.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски