Здравство: Нема инсулинска криза

Од:

Инсулинска криза нема, реагира Министерството за здравство на прес-конференцијата на СДСМ и изнесените тврдења за наводна инсулинска криза и недостиг на инсулин за корисниците во земјава.

„Ниту еден пациент со дијабетес, ниту беше оставен, ниту е оставен, ниту ќе биде оставен без потребната инсулинска терапија. Министерстсвото за здравство одговорно тврди дека инсулинска криза нема, немало и нема да има!“, пишува во соопштението од Министерството.

Оттаму додаваат дека за сите пациенти со дијабетес мелитус во земјава има обезбедено континуирано снабдување со инсулинска терапија.

„Инсулинската терапија е навремено испорачана во здравствените установи и секаде ја има во доволни количества. При тоа, го задржуваме исклучително високото ниво на грижа за лицата со дијабетес и високиот удел на најсовремени инсулини во Република Македонија. Нашата земја е лидер во регионот и може да се споредува со најразвиените здравствени системи во поглед на квалитетна инсулинска терапија“, додаваат од Министерството.

Оттаму нагласуваат дека терминот „инсулинска криза“ е намерно измислен и е дел од добро смислено сценарио во кое, како што велат, се гледа дека „и СДСМ си ја одигрува својата улога“.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!