Здравство: Мој Термин нема да го укинеме!

Од:

Министерството за здравство се огласи со реакција на „изнесените невистини во соопштението од Либерално демократската партија, со кои сериозно се наштетува на угледот на Министерството и се деградираат проектите во областа на здравството во кои континуирано вложуваме труд и енергија, со единствена цел унапредување на здравствената заштита на сите граѓани на Република Македонија“.

„Потенцираме дека МојТермин е проект кој не само што нема да се укине, туку и ќе продолжиме да го надградуваме, усовршуваме и оптимизираме неговото функционирање, со цел да го поедноставиме целиот процес од прием на пациентот во амбуланта па до самиот момент на пружање на конкретната здравствена услуга.

Прва и основна причина зошто нема да го укинеме овој проект е фактот што претставници на Светската здравствена организација на презентација на системот во Измир, Турција во 2013 година истакнаа дека иако редовно ги мониторираат здравствените системи во сите земји, воопшто не биле информирани дека во Македонија постои ваков систем кој е до оваа мера развиен и имплементиран на национално ниво, во период пократок од 1 година.

Претставниците на СЗО на секоја поголема конференција го споменуваат МојТермин како позитивен пример како треба да изгледа еден здравствен информационен систем. Црна Гора, Романија, Литванија и Полска на презентацијата на системот во Истанбул во 2013, исто така упатија пофалби за начинот на имплементирање на МојТермин, поради што е започната процедура преку размена на искуства, за имплементација на ваков систем и во овие држави.

Исто така, европскиот провајдер Health Consumer Powerhouse кој извршува детален мониторинг и споредба на здравствените системи на 35 земји, и куќа која го изработува Euro Health – Consumer Index 2013, за користењето на електронските здравствени системи го споменува следното: Во електронското здравство, одредени земји (најизразено Република Македонија) прикажаа софтверски решенија кои се уште се реткост во Западна Европа.
Целосниот извештај е достапен на следниот линк http://www.healthpowerhouse.com/files/ehci-2013/ehci-2013-report.pdf“, се вели во реакцијата.

Министерството вели дека одговорот на прашањето дали системот функционира е „да“.

„Од друга страна, на прашањето дали функционира овој систем, ние недвосмислено велиме ДА. Во изолирани исклучоци, доколку не функционира целосно, тимот на Мојтермин е достапен 24 часа за прашања и проблеми од функционална, организациона и културолошка природа“, се вели во соопштението.

Се порачува и дека е спроведена анкета меѓу 1.000 пациенти од различни здравствени установи, избрани по случаен избор.

„Резултатите од истата покажуваат дека 85% од испитаниците немале никаков проблем при закажувањето на терминот за преглед, кај 76% од прегледите немало задоцнување на докторот и прегледот бил реализиран на време, и што е најважно 76% од пациентите се изјасниле дека ваквиот начин на закажување е во ред и треба да продолжи да функционира. Ова се реални показатели за перцепцијата на граѓаните за успешноста на овој систем“, вели министерството за здравство во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски