Здравствените власти со препораки за заштита од студениот бран

Од:

 Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство по најавата од Управата за хидрометеоролошки работи за многу ниски темепратури и снег во текот на наредните денови, денеска одржа состанок со цел преземање превентивни мерки од областа на здравството.

– Имаме најава од УХМР дека во следниот период почнувајќи од петок до понеделник ќе има многу ниски температури во Република Македонија со снежни врнежи. Тие ниски температури ќе се движат до минус 20 Целзиусови степени што, според Акцискиот план за превенција од штетни последици од студено време којшто го има донесено Министерството за здравство, би требало да бидеме во жолта фаза или предупредувачка фаза, каде што сите институции треба да преземат одредени мерки, изјави претседателот на Комисијата, Јованка Костовска.

Таа посочи дека заклучиле веднаш да се известат сите здравствени установи, посебно болниците да имаат доволно кадар, лекови, санитетски материјали и сместувачки капацитети за евентуално зголемен број лица со штетни последици од студеното време и снежните врнежи. Исто така, посочи, известени се екипите на Итна медицинска помош низ целата држава да бидат доекипирани со повеќе екипи, возила, лекови, санитетски материјали за да можат веднаш интервенираат доколку има потреба.

Известени се, како што рече, и центрите за јавно здравје, како тие на национално ниво, така и тие на локално ниво да направат кризни штабови со подрачните единици на ЦУК, со Црвен крст, со болниците, со здравствените домови да преземат мерки на своето подрачје и по локалните телевизии да го известат населението за препораките за штетни ефекти од студените бранови.

– Донесен е заклучок патронажната служба во соработка со службите од труд и социјала исто така со Црвен крст заедно да ги посетат сите постари осамени лица овие два дена додека се уште не се студените бранови да видат дали имаат потреба од храна, лекови, огрев и веднаш да ги снабдат, да им се обезбеди што е потребно за овие три-четири дена, за да немаат никакви проблем. Воедно ќе се лоцираат и сите бездомници во државата и во овие неколку дена ќе бидат стационирани во посебни сместувалишта за нив со храна, облека итн., да се превенираат штетните последици по нивното здравје, рече Костовска.

Потенцира дека по најава за поларни температури, за снежни наноси, за смрзнат дожд, значи можност и од штетни ефекти директно по здравјето, можности од скршеници, лизгање и паѓање, препорачуваат граѓаните доколку немаат потреба овој период да не излегуваат од дома, да си бидат во домашни услови на топло, а доколку имаат потреба да излезат тоа да го сторат во периодот од 11 до 16 часот кога се барем малку повисоки температурите бидејќи наутро и навечер температурите ќе бидат најниски.

– Ако излезат да тоа биде краток престој, од еден до максимум еден час и 30 минути, да си носат топла облека, да бидат заштитени, топли напитоци и по можност обувки коишто не лизгаат за да се спречат скршеници. Очекуваме и голем наплив на скршеници токму поради ова време. Се препорачува за ризичните групи, посебно хронично болните овие два дена да си ја обезбедат терапијата, да си ја имаат дома за да не мораат тие три дена да одат на лекар да бараат терапија да се изложат на студено време. Да обезбедат терапија и редовно да ја пијат терапијата, истакна Костовска.

Доколку за овој период кој било од граѓаните има потреба од помош или, пак, забележи дека на некој друг му е потребна помош – сосед, пријател или кој било, појасни, тогаш може да се јави на следните броеви или на Итна медицинска помош ако се работи за медицинска помош 194 или за каков било проблем во Центарот за управување на кризи 195 или на бројот кој го има отворено Црвен крст на РМ – 3139 578.

Нагласи дека веќе е препорачано од Управувачкиот комитет за кризи при Владата да се избегнуваат и патувања низ државата доколку е можно бидејќи се очекуваат наноси по патишта и голомразици.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека како за топлотни бранови, така и за студени бранови во Акциониот план таа препорака за бремени жени и хронично болни лица над 60 години е веќе во портокалова фаза, а тоа се температури некаде над минус 20 Целзиусови степени. Значи, посочи, ако имаме минус 21, минус 22 степени во поедини подрачја тогаш се препорачуваат и тие мерки.

– За работниците кои работат на отворено, исто во оваа фаза не е забранета работа на отворено, меѓутоа работодавците да внимаваат работата да биде во потоплите периоди од денот, да не бидат толку рано наутро и до доцна навечер. Работниците да бидат топло облечени и да прават чести паузи, на секои два часа работа пауза во топла просторија со топли напитоци, одмор барем половина час за да се загрее организмот, па пак два часа работа. Значи, за нив треба внимавање да не бидат постојано изложени на отворено, додаде Костовска.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза