А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Здравствениот систем во државата е подготвен да одговори во случај на импортација на лица со коронавирус

by А1он03/02/2020 - 19:5304/02/2020 - 09:24182
Share0

Редовно се врши проверка на патниците на скопскиот аеродром со термалната камера, а покрај патниците што доаѓаат со летовите од Истанбул и Дубаи, на скопскиот аеродром се скенираат и патниците кои доаѓаат со лет од Доха, велат од Институтот за јавно здравје.

Добивај вести на вибер

Оттаму додаваат дека викендот е извршена и проверка на двајца патници, кои пристигнале со лет од Белград.

Граничната полиција утврдила дека доаѓаат од Кина и по проверката од аеродромската здравствена екипа било констатирано дека патниците се здрави, без никакви симптоми и се пуштени со препораки, посочи денеска д-р Гордана Кузмановска од Институт за јавно здравје и член на Комисијата за заразни болести.

Во моментов, се врши зајакнување на резервите за лична заштитна опрема и веќе е во процедура набавката на заштитна опрема, како што се маски, ракавици, очила, заштитни мантили и друга заштитна опрема, согласно препораките на Светската здравствена организација и процедурата за клинички менаџмент на пациенти и контрола и превенција на болеста.

„Согласно препораките на СЗО, државата презема мерки за задршка, односно за спречување на импортирање на случај.

Досегашните сознанија за самиот вирус ни укажуваат дека иако не ги знаеме комплетно сите карактеристики на вирусот и начинот на негово пренесување, граѓаните треба да ги почитуваат препораките за заштита, како што се избегнување близок контакт со лица кои имаат респираторни симптоми, кашлање, кивање, почесто миење раце со сапун и топла вода, да се стави маска доколку во близина има лице со симптоми на респораторно заболување, како и да не се доаѓа во контакт со животни ако се патува во Кина“, посочи д-р Кузмановска.

koronavirusmz

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он06/12/2025 - 13:14

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Горан Наумовски01/12/2025 - 16:27

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он24/06/2025 - 17:1124/06/2025 - 17:13

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он12/04/2025 - 14:52

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска30/05/2023 - 13:55

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска26/04/2023 - 13:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен