Здравствени пунктови за превентивни прегледи во Прилеп

Од:

Министерството за здравство, во соработка со ЈЗУ Здравствен дом од Прилеп, поради најавените високи температури, со цел да се заштити здравјето на граѓаните, започнува со организирање бесплатни превентивни прегледи во центарот на Прилеп во периодoт од 18 до 21 часот.

Директорот на ЈЗУ Здравствен дом,д-р Петар Ристески, им порача на граѓаните да не излегуваат во периодот од 10 до 17 часот, да носат светла и лесна облека и да конзумираат многу течности, а хронично болните да ја земаат неопходната терапија.

На овие пунктови граѓаните ќе се информираат како да се заштитат од високите температури, ќе добиваат препораки за здрав живот и ќе може да измерат крвен притисок. Ќе се делат и брошури со препораки за заштита од топлотен бран.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!